НАЈНОВА ВЕСТ: Познати сите казни за тројцата бугарски државјани кои беа приведени денес
По 300 евра парична казна и протерување и 3 години забрана за влез во земјава добија тројцата бугарски државјани кои на граничниот премин Деве Баир денеска се обиделе физички да нападнат полицајци, соопшти доцна вечерва Министерството за внатрешни работи.
„Околу 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г. З. (35), А. Х. (50) и Р. Х. (54), бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале, а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот“, соопшти претходно МВР.
Ова следува откако заврши процесот во судот во Крива Паланка за уапсените бугарски државјани кои беа приведени по инцидентот на граничниот премин Деве Баир. Тројцата уапсени бугарски државјани се гонеа за сторен прекршок, нарушување на јавен ред и мир. Меѓу нив е и пратеникот на „Вазраждане“ Ангел Георгиев.