Најмногу заболени од грип во Скопје, Тетово, Куманово, Дебар, а најголема активност на грипот има во Дебар
Директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска, на прес конференција одржана предмалку ја информираше јавноста за моменталната состојбата со сезонскиот грип – за првата недела од годината односно од 29.декември до 4.јануари. Бројката изнесува 1.725 заболени или 2,2 пати повеќе од претходната недела.



