НајновоСпорт

Македонија убедливо го победи Азербејџан и ќе игра на Европско првенство 


Женската ракометна репрезентација ќе игра на Европското првенство откако убедливо со 37-22 славеше на гостувањето кај Азербејџан во претпоследниот квалификациски меч.

Македонија по седми пат во женска конкуренција ќе игра на Европско првенство, на коло пред крајот на квалификациите нашите ракометарки изборија пласман на турнирот. Билетот за континенталниот собир официјално ќе биде заверен некој час подоцна кога ќе се одигра дуелот меѓу Литванија и Шпанија, на кои Шпанките не треба да загубат, но тоа е само формалност.

Главната задача денеска беше завршена во Баку каде Македонија славеше со 37-22, на полувремето беше 19-12 за нашата репрезентација.

Најефикасна за Македонија беше Јована Саздовска со седум голови, еден помалку даде Ристовска, пет запиша Коларовска.

Во последното коло, на 7. април од 18 часот ја пречекуваме Литванија во Скопје, влезот за тој натпревар е бесплатен. На овој меч публиката ќе може да го поздрави успехот на ракометарките.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons