Најдобрата македонска судијка дебитираше на Копа Америка
Македонската фудбалска судијка Ивана Пројковска го имаше своето деби на Копа Америка за жени, каде што ја делеше правдата на натпреварот од второто коло во групата ,,А”, во кој селекцијата на Еквадор извојува победа над Перу.
Пројковска е единствената претставничка од Европа што доби покана да учествува на најсилниот женски континентален турнир во Јужна Америка. Таа суди во рамки на програмата за соработка и размена на судии помеѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ, која активно се спроведува во последниве години.
Овој натпревар беше нејзин прв на турнирот, но се очекува Пројковска да добие уште ангажмани како што натпреварувањето ќе се одвива понатаму.