Магазин

Најголемите победници и губитници меѓу милијардерите во 2024 година 

2024 година беше поволна година за повеќето милијардери, благодарение на големиот раст на технолошките акции и позитивните движења на пазарот по претседателските избори во САД.

Додека милијардерите од технолошкиот сектор забележаа неверојатни добивки, оние кои се потпираат на луксузната индустрија се соочија со загуби поради тешкотиите на глобалниот пазар, пишува Business Insider.

Најголемите победници за 2024 година

Илон Маск, чие богатство се проценува на вртоглави 468 милијарди долари, речиси го удвои своето нето богатство благодарение на растот на акциите на Тесла (за 70 отсто) и на Спејс Икс (SpaceX), чија проценета вредност сега е 350 милијарди долари. Блиската соработка на Маск со новоизбраниот претседател Доналд Трамп, на кого му донираше 200 милиони долари, дополнително ја зајакна довербата на инвеститорите во неговите компании.

Илон Маск/EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Марк Цукерберг, чие нето богатство сега изнесува 213 милијарди долари, профитираше од силната година за Мета платформиte (сопственик e на Фејсбук, Инстаграм, Ватсап). Акциите на Мета пораснаа за повеќе од 70 отсто благодарение на успешниот бизнис со рекламирање и значителните инвестиции во вештачката интелигенција.

Марк Цукерберг/EPA-EFE/JIJI PRESS JAPAN OUT EDITORIAL USE ONLY/

Џенсен Хуанг, основач и извршен директор на Нвидиа (Nvidia), вреди повеќе од 122 милијарди долари. Нвидиа, како лидер во производството на чипови za вештачка интелигенција, забележа раст на акциите од 175 проценти во 2024 година.

Основачот на Оракл (Oracle), Лери Елисон, сега вреди 193 милијарди долари. Акциите на Оракл се зголемија за повеќе од 60 проценти, благодарение на апликациите за „облак“ и инфраструктурата за вештачка интелигенција. Покрај тоа, Елисон поседува повеќе од еден процент од акциите на „Тесла“, што дополнително придонесува за неговото богатство.

Лери Елисон/ EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Џеф Безос, коосновачот на Амазон, има богатство вредно 246 милијарди долари. Акциите на Амазон, кои пораснаа за повеќе од 45 отсто во 2024 година, му донесоа на Безос значителни придобивки, поддржани од растот на е-трговијата и вложувањето во информатиката.

Најголемите губитници во 2024 година

Бернард Арно, шеф на ЛВМХ (LVMH), чие богатство сега изнесува 176 милијарди долари, беше најголемиот губитник на годината. Акциите на луксузниот гигант паднаа поради предизвиците на кинескиот пазар, вклучително и кризата со недвижностите и високата невработеност кај младите.

Бернард Арно/EPA-EFE/Hiro Komae / POOL

Наследничката на Лореал (L’Oréal), Франсоаз Бетенкур Мејерс, забележа пад на богатството на 75 милијарди долари, бидејќи продажбата во Кина значително ослабе. Акциите на Лореал паднаа за повеќе од 26 проценти во текот на годината.

Франсоаз Бетенкур Мејерс/EPA/CAROLINE BLUMBERG

Мексиканскиот милијардер Карлос Слим, чие богатство сега се проценува на 82 милијарди долари, претрпе загуби поради пад на акциите на Америка мовил (América Móvil), телекомуникацискиот гигант во кој тој поседува голем удел.

Карлос Слим/EPA-EFE/Sashenka Gutierrez

Основачот на Пиндуоду, Колин Хуанг, чие богатство сега се проценува на 35 милијарди долари, се соочи со пад на акциите на компанијата за повеќе од 30 отсто. Конкуренцијата и промените во навиките на потрошувачите дополнително се одразија на неговите средства.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons