Актуелно

Најавени поголеми казни за супермаркетите во 2026-та: Ако продолжат вака, ќе има клуч на врата

Инфлацијата во 2026-та година ќе се движи околу 4 отсто, смета премиерот Мицкоски. Ова е повеќе од проекциите и предвидувањата на Народната банка. Во ноември месец минатата година, НБРМ проектираше дека 2025-та година ќе ја завршиме со годишна инфлација од околу 3,9 отсто, а во 2026-та очекувањата беа дека таа ќе се смири и ќе биде некаде околу 2,5 отсто.

Но, според изјавите на премиерот, цените се очекува да растат и во ова година.

-Па мислам дека околу 4 проценти ќе се движи годишната инфлација, тоа го зборуваме веќе со месеци. Тоа што ние го правиме се зачестени контроли на Државниот пазарен инспекторат, зачестени контроли на Комисијата за заштита на конкуренцијата, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Оваа година немаше никакви мерки, ограничувања на цени и маржи за ниту еден празник. Евидентно беше зголемување на цени на одредени производи кај маркетите, а како што вели премиерот како Влада тие го гледаат тоа. Најави и конкретни чекори, но и казни.

-Ќе предложиме законски измени за следната година со многу поголеми казни за сите оние ланци на супермаркети коишто го изигруваат Законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека така ако продолжат ќе мора клуч да стават на врата, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Инаку, на почетокот на декември минатата година, Комисијата за заштита на конкуренција казни четири големи маркети и Сојузот на стопански комори поради забрането договарање и усогласено делување врз цените. Маркетите се казнети по 50 илјади евра, а Сојузот на стопански комори со 18,6 илјади евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons