Магазин

Научниците тврдат дека токму во сонот се огледува карактерот и душевната состојба на човекот 

Како карактерот и душевната состојба на човекот се огледуваат во сонот? Еве што тврдат научниците кои го проучувале тоа.
Оној кој многу спие се плаши од животот. Се повлекува во сонот како што би се вратил во мајчината утроба, а сето тоа за да ја избегне борбата, одговорноста и стресовите што ги носи секојдневниот живот.

Докажано е дури и дека оној кој сака многу да спие има повеќе изгледи за кардиоваскуларни пречки, на што се надоврзува значењето на физичката активност.

Оние кои спијат малку се активни во животот.

Добриот и квалитетен сон е својствен за урамнотежените лица, спортистите и луѓето кои во текот на денот се зафатени со многу обврски.

Несоницата значи непрекинато размислување.

Лош и неквалитетен сон имаат загрижените лица, депресивните, оние кои се подложни на емотивни пречки, повлечени и сите кои тешко се прилагодуваат на различни ситуации.

Положбата на вашето тело при спиење може многу да каже за вашиот карактер.

Во положба на фетус спијат многу осетливите и емотивните лица, несигурните и исплашените. Дури 40 проценти од луѓето ја заземаат оваа положба.

На стомак спијат фантазерите, енергичните и нервозните.

На грб спијат оние што имаат самодоверба. Често така спијат богатите и постарите луѓе.

На десна страна спијат добродушните и веселите, луѓето отворени за нови познанства.

На лева страна уметниците, романтичните души, но и циничните личности кои се недоверливи кон другите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons