МакедонијаНајново

Наставниците ќе добијат поголема априлска плата за 7 проценти 

Золемување на платите во образованието од седум проценти ќе има во април и оти тоа, покрај за наставниот кадар, ќе важи и за сите вработени во основните и средните училишта, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

За жал се појавија бројни шпекулации на социјалните мрежи дека нешто не е во ред со покачувањето на платата. Тоа не е точно, одговорно тврдам дека и оваа година, како и претходните, наставниците ќе си добијат поголема априлска плата за 7 проценти, рече министерката Јаневска одговарајќи на новинарско прашање пред одржувањето на третиот Женски Економски Форум во Скопје.

Таа дополни покачувањето ќе важи и за сите останати вработени во училиштата и во основното и во средното образование.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons