Наскоро започнува линијата Охрид-Истанбул, ќе има четири пати неделно летови
Туркиш ерлајнс ги закажа и пушти во продажба летовите меѓу Истанбул и Охрид за летната сезона 2025 година. Летовите ќе започнат на 27 март и ќе сообраќаат четири пати неделно, во понеделник, четврток, петок и недела. Турската авикомпанија за превоз на патниците ќе ги користи авионите Ербас А321, Боинг 737-800 и Б737-900, објави порталот „Екс Ју авијација“.
Превозникот претходно аплицираше за државни субвенции за стартување на услугата. Министерот за транспорт Александар Николски неодамна во интервју за ТВМ истакна дека со воведување на двете новите дестинации Истанбул – Охрид и Базел Милхаус – Охрид, практично започнува нова ера во развојот на авиосообраќајот токму преку охридскиот аеродром.
„Со воведување на двете новите дестинации Истанбул – Охрид и Базел Милхаус – Охрид, практично започнуваме нова ера во развојот на авиосообраќајот токму преку охридскиот аеродром. Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи стратегијата ни даде резултати. Го донесовме Туркиш ерлајнс кој ќе лета 4 пати неделно од главниот аеродром во Истанбул кон Охрид и тој е еден од најголемите аеродроми со најмногу поврзувања“, истакна неодамна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
За прв пат се применува моделот на субвенционирање на патници во доаѓање според кој се очекува да се зголеми бројот на патници за плус 200 илјaди на годишно ниво. Покрај Инстанбул, од Охрид ќе се лета и кон Базел- Милхаус, а од Скопје директно ќе се лета кон Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт.