Напад врз градинка во Судан – загинаа 114 луѓе, меѓу кои 63 деца
Бројот на загинати во напад со дрон врз градинка и други локации во градот Калуга се зголеми на 114 лица, од кои 63 се деца, објави денес Светската здравствена организација (СЗО).
Првиот напад бил насочен кон градинка, а последователните напади биле врз медицински работници кои ги транспортирале преживеаните во болница, а бројот на жртвите не можел веднаш да се знае , делумно поради прекинот на комуникацијата, пренесува АП.
Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус, изјави дека организацијата „ ги осудува бесмислените напади врз цивили и здравствени установи и го повторува својот повик за прекин на насилството и зголемен пристап до хуманитарна помош, вклучително и здравствена помош “.
Суданската медицинска мрежа и адвокатите за итни случаи, групи кои го следат насилството врз цивилите во Судан, ја обвинија паравоената организација „Сила за брза поддршка“, позната и како RSF, за нападите.
Во конфликтите меѓу RSF и суданската армија во последните две години, повеќе од 40.000 луѓе беа убиени , а повеќе од 12 милиони луѓе беа раселени.



