МакедонијаНајново

Над 9.700 слободни места на УКИМ – најмногу на ФИНКИ, првиот уписен рок во август 

На факултетите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) во учебната 2025/2026 година има вкупно 9.719 слободни места за запишување студенти во прва година на прв циклус студии.

Најмногу места има на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) – вкупно 1.020 места, од кои 480 се за редовни студенти финансирани од државата. Веднаш зад него е Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) со 590 слободни места.

Според објавениот Конкурс, распоредот на уписните рокови е следен:

УКИМ

Сите уписни рокови се отворени за студенти кои имаат завршено четиригодишно средно образование и положена државна, меѓународна или соодветна матура.

По реализацијата на првиот уписен рок, за непополнетите места на факултетите, односно студиските програми, Универзитетот, на интернет-страницата ќе објави број на слободни места за запишување во вториот уписен рок во учебната 2025/2026 година.

По реализацијата на вториот уписен рок, за непополнетите места на факултетите, односно студиските програми, бројот на слободни места за запишување во третиот уписен рок во учебната 2025/2026 година, ќе биде објавен на интернет-страниците на единиците.

Уписот се врши според бодови добиени од успехот во средното образование и државната матура, а кај уметничките и специјализирани факултети, се бара и проверка на знаења и умеења.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons