Над 10 илјади слободни работни места во првото тримесечје – најмногу се бараат обични работници на кои не им е потребно стручно знаење
И во ова тримесечје претпријатијата со број на вработени од 10 до 49 лица имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,65 отсто
Над 10 илјади слободни работни места имало во првото тримесечје од годината, што е стапка од 2,02 отсто. Вкупно пополнети работни места во овој период се 485.882, соопшти Државниот завод за статистика. Најмногу работници биле барани во групата Елементарни занимања, каде што не се пополнети 2.162 работни места. Елементарните занимања според Националната класификација се состојат од едноставни и рутински задачи за коишто главно е потребна примена на рачни алатки и физички напор, малку или никакво претходно искуство и познавање на работата и ограничена иницијатива и оценување. За задачите од оваа група на занимања не е потребно стручно знаење.
-Распоредено по региони, Североисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,78 отсто, додека со највисока стапка на слободни работни места од 3,29 отсто располага градежниот сектор. Најмалку работници се бараат во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, кој изнесува 0,38 отсто – детализира ДЗС.
И во ова тримесечје претпријатијата со број на вработени од 10 до 49 лица имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,65 отсто.