Над 1.200 ученици го формираа македонското знаме, а Андријана Јаневска ја изведе македонската химна во Бутел
Над 1.200 ученици го формираа најголемото македонското знаме, објави денеска градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
„Стоиме заедно обединети под светлината на нашето македонско знаме! Во црвено и жолто, го формиравме најголемото македонско знаме! Благодарност до Андријана Јаневска која на маестрален начин ја изведе нашата македонска химна! Со особена гордост го одбележуваме овој значаен момент формирање на македонското знаме, кое е симбол на независноста, заедништвото и достоинството. Тоа нѐ повикува да бидеме обединети, горди и одлучни во зачувување на нашите вредности. Знамето и химната се симболи на државност и секој еден од нас треба да се идентификува и да ги почитува националните симболи на Република Македонија. Овој чин нѐ прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности. Развивање на чувството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина, и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи за нас е важен момент. Македонија вечна“, пишува Костовски во својата објава.