Молика стара 250 години и стотина стебла стари над 200 години искрши ветерот на Пелистер
Невремето кое ја зафати Битола проследено со силен ветер над 80 км/час, предизвика големи штети во Националниот парк „Пелистер“.
Стотина моликови стебла стари и по повеќе од 200 години се искршени од силниот ветер, за кој како што вели директорот на националниот партк „Пелистер“, Иванчо Тошевски, досега на ова место не бил запаметен ветер со такви силни удари.
Фотографиите ги објави Јане Ацевски, професор од шумарскиот факултет во Скопје, кој вели дека скршено е и најстарото стебло на Молика старо скоро 250 години.
„Црвен трулеж плус ветер од 80 километри на час, уништена најстарата шума во Македонија“ напиша во својата објава професорот Ацевски.