Модриќ во улога на тренер, делеше пцовки и наредби: Каква будала, мајко моја! (ВИДЕО)
Лука Модриќ реши да го менува Карло Анчелоти во завршните минути од дуелот помеѓу Селта Виго и Реал Мадрид, Хрватот од клупата делеше совети, даваше наредби и по некоја пцовка.
Карло Анчлеоти поради позитивен тест на ковид-19 не можеше да го води Реал Мадрид на гостувањето кај Селта Виго, таа улога ја извршуваа неговиот син Давиде и тренерот на голманите Луис Лопис.
Но кога Лука Модриќ беше заменет во 74. минута од мечот, Хрватот реши да го менува Карло Анчелоти. Камерите на Мовистар го следеа однесувањето на фудбалерот од средниот ред кој делеше совети, даваше наредби и по некоја пцовка.
Кога Милитао се пожали на повреда, Лука Модриќ веднаш „го испрати“ Начо на загревање.
Подоцна Марсело го советуваше дефанзивецот да седне на тревата и да троши време, а откако Милитао не послуша, Модриќ почна да пцуе и рече: „Каква будала, мајко моја!“
Однесувањето на Лука Модриќ предизвика насмевки на лицата на Марко Асенсио и Лукас Васкез, кои очигледно добро се забавуваа од шоуто на Хрватот.