МНР: Стоиме во солидарност со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора
Министерството за надворешни работи се огласи по повод трагичните настани во Цетиње, Црна Гора.
„Длабоко шокирани и тажни од трагичните настани во Цетиње, Црна Гора. Ние стоиме во солидарност со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време. Нашите мисли се со вас“, велат од МНР.