МакедонијаНајново

МНР: Барањето за прелетување на авионот на Лавров одбиено поради одлуката за затворање на небото за руски авиони 

Откако Македонија покрај Црна Гора и Бугарија го забрани прелетувањето на авионот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, македонското Министерство за надворешни работи потврди дека го одбило барањето на руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград.

Причината за ваквата одлука на македонското МНР, како што соопштија оттаму, е тоа што Владата веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Северна Македонија за авио-превозници во сопственост на Руската Федерација.

Со реакција се јави и официјална Москва со тврдење дека „Москва не е таа што создава нова железна завеса, туку дека Европа е таа што ја оградува Русија“.

„Земјите што ја опкружуваат Србија го затворија каналот за комуникација, спречувајќи го прелетувањето на авионот на Сергеј Лавров, кој се подготвуваше да ја посети Србија. Руската делегација требаше да пристигне во Белград на разговори. Земјите членки на ЕУ и НАТО го затворија воздушниот простор, затворија уште еден канал за комуникација“, изјави Захарова за италијанскиот телевизиски канал Ла7, пренесе руски Спутник.

Како што додаде, „на крајот на краиштата, нема да има железни завеси од наша страна, не треба да се грижите. Европската унија е таа која со завеса ја оградува Русија. Вашите грешки се во тоа што сте премногу себични, што мислите дека сте во центарот на светот, дека освен вас нема други народи во светот. Немате морално право некого нешто да научите“, рече Захарова.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons