МЛАД СКОПЈАНЕЦ САКАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО КРИВИЧЕН СУД СО НОЖЕВИ И САТАР – фатен е од судската полиција, ќе следи пријава
Млад скопјанец се обидел да внесе ножеви и сатар во Кривичниот суд.
Како што објави Министерството за внатрешни работи, станува збор за дваесетгодишник од Скопје, кон на влезот на Кривичниот суд во Скопје бил фатен со два ножа и сатар. Откако случајот ќе биде документиран, за него ќе биде поднесена соодветна пријава.
– На 19.02.2025 во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Основен кривичен суд Скопје, при преглед за влез, во ранецот на М.К.(20) од Скопје, службеник во судска полиција пронашол и одзел два ножеви и еден сатар – информираат денеска од МВР.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.