Спорт

Младинците врзаа и втора победа: Македонија е на чекор од четвртфинале 

По кратка пауза, Европското првенство (дивизија Б) во Ереван повторно донесе возбудувања, а македонската младинска кошаркарска репрезентација го одигра можеби и најважниот натпревар во досегашниот дел од шампионатот. Во четвртото коло од групата Ц, нашите млади надежи се соочија со селекцијата на Швајцарија во кој победата за нас беше неопходна и на крајот дојдовме до неа со триумф од 81-82.

По четири одиграни кола, нашата репрезентација има биланс од две победи и два пораза, резултат што ја остава во игра за пласман во следната фаза. Во нашите реддови дури петмина  кошаркари го завршија денешниот натпревар со двоцифен учинок.

Посебно одличен беше Кечовски, кој реализираше пет тројки од седум обиди и натпреварот го заврши со 16 поени и 4 скока. Ефикасен беше и Стојковиќ, кој запиша 16 поени, 5 асистенции и 4 скока. Иванов придонесе со 14 поени и 5 скока, Ќириловски со 12, а Луканоски додаде 11 поени и 6 скока.

Утре Македонија играп ротив Данска и тоа ќе биде натпревар за пласман во најдобрите осум, но за дат се најдеме таму ќе треба и Холандија да загуби од Австрија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons