Македонија

Мицкоски: Судот утврди дека Славјанка Петровска ширела лаги и клевети против мене, пресудата е доказ дека не само што лажат, туку и дека не се промениле и продолжуваат да го потценуваат народот 

Уште една потврда дека на лагата ѝ се кратки нозете.

Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против мене. Судот ѝ наложи не само да ми се извини, туку и да ја објави пресудата во медиумите, затоа што вистината мора да излезе на виделина.

Очигледно, лажењето како синдром на политичката култура и однесувањето на функционерите на СДСМ не престанува да биде нивен заштитен знак. Со оваа пресуда се потврдува не само дека лажат, туку и дека не се промениле. Продолжуваат да го потценуваат народот, верувајќи дека со клевети и манипулации ќе фрлат дамка врз мојата работа, и дека народот ќе се разочара. Но нашиот народ е мудар. Има искуство со политичари како овие од СДСМ, чии кариери се изградени врз измами, несовесност и недостиг на одговорност.

Ова не е моја лична битка, ова е битка за принципи, за вистината, за достоинството на 

секој поединец кој не дозволува неказнето да му се лепат лаги.

Продолжуваме посветено, чесно и со крената глава.

Лагите ќе паднат. Вистината победува.

Линк од фб објава

https://www.facebook.com/share/p/16s6VTQkDn/

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons