МакедонијаНајново

Мицкоски со одлична вест: Растот на индустриското производство за март е 5,2 отсто споредбено со лани 

На пат од Валенсија кон Скопје, добив одлична вест во авион: раст на индустриското производство за март од 5,2% на годишно ниво, споредено со март 2024 година и после долго време раст на индустриското производство на квартално ниво. Имено, во првиот квартал од 2025 споредено со првиот квартал од 2024 година, индустриското производство порасна за 2%. Посебно радува фактот што расте преработувачката индустрија во март за 4,8%, а во првиот квартал за 3,6%. 

Што наследивме како влада? 

Во вториот квартал од 2024 година, индустриското производство паѓаше со -7%, а индустријата беше во тешка рецесија. Следеа два квартали на стабилизација и конечно имаме во првиот квартал од 2025 година раст на индустриското производство, во исклучително сложени услови за европската економија и автомобилската индустрија. Ова се солидни индикатори и инспирација да продолжиме со дисциплинирани и развојни економски политики. Горда Македонија е богата Македонија!

#МакедонијаПовторноТвоја

Линк од фб статус

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons