Мицкоски: Се отвори ски центарот „Михајлово“, како Влада продолжуваме да работиме на реализација на проекти
„Добар ден и од мене. Првиот ден во Новата година сме овде во Кавадарци. Му честитам на градоначалникот за навистина овој прекрасен објект, оваа ски- стаза. Дозволете ми да се заблагодарам и на сите оние општествено одговорни компании кои што учествуваа во изградбата на оваа стаза.
Ова е исклучително голема можност за кавадарчани, но не и само за кавадарчани туку од сите краеви на државата да дојдат да уживаат во овие прекрасни природни убавини, да се рекреираат и навистина би сакал ова да биде еден почеток само, а понатаму уште повеќе да се развива и самото место и самиот регион затоа што навистина самата планина и сето ова коешто е околу оваа ски- стаза е нешто што претставува природна реткост.
Така што уште еднашка еве да не должам кажа градоначалникот се, дозволете да му честитам на него, на сите они кои што ја подржуваат работата, на пратениците од македонскиот парламент, членовите на македонската влада, советниците, администрацијата во општина Кавадарци, општествено одговорните компании, сите буквално кои што придонесуваат со својот ангажман во тоа да Кавадарци како општина навистина претставува едно прекрасно место за живеење.
Ние како Влада и во иднина ќе продолжиме да помагаме. Сега во февруари ќе биде објавен и новиот повик до општините за да аплицираат со нови проекти кои што ќе бидат финансирани од страна на Владата.
Така што заеднички кога се работи, успехот е тука. Уште еднашка честитки и со лесно нека се користи, со убаво нека се користи оваа ски- стаза.