Актуелно

Мицкоски: Се гради пешачка и рекреативна патека од Ново Село до Мокриево 

„Задоволство ми е што денес сум во овој регион. Ќе ги посетиме проектите од првиот повик во Ново Село и во Василево. Како што кажаа и самите градоначалници се решаваат децениски проблеми и ќе продолжиме да решаваме децениски проблеми бидејќи тоа го кажавме и тоа го ветивме пред граѓаните, и тоа мораме да го испорачаме и го испорачуваме.
 
Многу е важно Македонија да се гради, за разлика од оној 7 годишен период кога се крадеше. Сега има значителна разлика и тоа веќе го забележуваат граѓаните и во периодот којшто следи уште поинтензивно ќе се забележува затоа што и вториот повик полека но сигурно привршува.
 
Овие капитални инвестиции се и добра можност и за економијата за да може да се задвижи, така што остануваме фокусирани да решаваме децениски проблеми на граѓаните. Тоа е она коешто ќе повторам граѓаните го очекуваат од нас.
 
Јас би сакал да ја искористам оваа прилика да им честитам на градоначалниците од овој регион коишто се со нас тука денес и да им посакам уште повеќе проекти да можеме да реализираме за интерес на граѓаните, да му честитам на ресорниот министер, на советниците во советите, на администрацијата којашто ги подготвува овие проекти и да им посакам многу вакви проекти.
 
Воедно ќе ја искористам оваа прилика да упатам апел и до градоначалникот на Струмица да ја искористи можноста за вториот повик и да аплицира со проекти. Не е време за политиканство, време е да се работи за граѓаните. Помина времето кога Македонија се крадеше, понижуваше, омаловажуваше, засрамуваше сега е време кога треба да се гради без разлика што тој можеби во некој внатрепартиски предизборен занес се обидува да ја критикува Владата, во ред тоа е негово право и тоа практично тој може да го прави, но го замолувам лично и од името на Владата да достави проекти, нормално да не биде како во првиот повик согласно критериумите да достави проекти за да можеме и тие проекти да ги исфинансираме и за Општина Струмица, а ќе продолжиме да ги финансираме проектите слушнавте и во Ново Село и во Босилово и во Василево, така што нема заборавени делови како што кажа министерот за локална самоуправа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons