Мицкоски: Пуштена е во употреба реконструираната обиколница во Крива Паланка, продолжуваме со реализација на капитални инвестиции
Јас немам што дополнително да кажам од тоа што го кажа и директорот и потпретседателот на Владата и министер за транспорт, сакам само да кажам дека ваквите проекти се додадена вредност во животот на граѓаните, додадена вредност за македонската економија. Многу е важно дека во периодот којшто следува овде во Крива Паланка и во овој дел од Македонија ќе поминат неколку стотици милиони евра инвестиции, инвестиции коишто ќе ја поврзат Македонија со коридорот 8 со соседите, а Крива Паланка е влезна точка на делот од коридорот 8 во Македонија.
Кога зборувам неколку стотици пред сè мислам на третата фаза од пругата којашто треба да почнеме да ја реализираме, забрзување на втората фаза, нешто за што зборуваше и министерот и потпретседател во Владата. Но исто така и патната инфраструктура не останува незабележана и не реновирана и не реконструирана, напротив се реновира, се реконструира, се гради новите делници коишто треба да го заобиколат влезот во Куманово за тие коишто сакаат да патуваат директно на исток, односно до Крива Паланка и до нашиот источен сосед. Така што целокупното ова инвестирање очекувам да од Крива Паланка направи навистина богат, пристоен град во којшто луѓето ќе бидат среќни, задоволни, ќе се вратат оние коишто ја напуштиле Крива Паланка тука и ќе можат заедно со своите семејства да го продолжат животот тука, нешто што претставува наша консолидирана заедничка владина цел. Луѓето коишто поради оправдани причини ја напуштиле Македонија, ги напуштиле своите домови гледаат сега дека таму каде што отишле посебно во делот Западна Европа состојбата не е таква каква што очекувале мислам дека со вакви инвестиции ќе претставуваат мотив и ќе можеме да ги вратиме луѓето дома и тука да си ја развиваме нашата македонска економија, бидејќи сега е моментот имајќи предвид сите оние случувања коишто не се само во Европа, гледаме и малку пошироко дека светот денеска живее и минува низ едни бурни времиња.
Така што како Влада продолжуваме да се фокусираме на реализацијата на овие инвестиции, на капиталните инвестиции. Многу пати сме спомнале дека Македонија е држава којашто е практично раскрсница на два многу важни европски коридори, коридорот 8 и коридорот 10, патничкото поврзување, железничкото поврзување па и енергетското ако сакате претставуваат приоритет на оваа Влада, впрочем и самите резултати на растот на БДП тоа го потврдуваат, анализирањето на овие инвестиции.
Ќе продолжиме и понатаму тој приоритет да го реализираме. Јас очекувам многу скоро денеска сето ова за коешто зборувавме овие речиси две години од мандатот на оваа Влада да биде реализирано.
Така што уште еднаш нека ни е со среќа овој нов реконструиран би рекол пат, нека ни бидат со среќа и сите оние нови делници од коридорот 8 што ќе ги реализираме во периодот којшто следи и на ваков начин да им се оддолжиме да граѓаните коишто ја даваат поддршката на оваа Влада, ја даваат поддршката на ВМРО-ДПМНЕ.



