Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11.000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40% до 2028 година
Би сакам да се приклучам кон информацијата којашто и Трпе и Благоја од името на УПОЗ и САДУ ја пренесоа до медиумите и до јавноста и до вработените во администрацијата, но и до вработените во судовите и обвинителствата така што ова е еден поширок пакет каде ќе бидат опфатени заедно со вработените во судовите и обвинителствата некаде околу 11.000 вработени и со ова целосно, Владата како најголем работодавач, практично со своите колеги воспоставува договор и тој договор е со рок на траење до 2028 година.
Претходно знаете имаме вакви договори и со вработените во образованието и со вработените во здравството и во останатите институции, така што кога сето ова ќе се заокружи ние како Влада, како најголем работодавач практично ги имаме регулирано нашите односи со нашите колеги во рамките на институциите, како и што самите претседатели и Трпе и Благоја кажаа ова е историски момент бидејќи до сега никогаш порано не се случило да имаме ваков план за зголемување на платите и нивно усогласување за да дојдеме до некое достоинствено ниво. И цениме дека ова се тие храбри чекори коишто ги правиме дури и во услови на светски предизвици коишто секако влијаат на економијата, во услови на внатрешни предизвици коишто секако влијаат на економијата со едно домаќинско, зрело, одговорно работење и работење со државната каса на еден начин на којшто можеме тоа се да го исполниме како држава еве постигнуваме договор и тој договор понатаму треба да се операционализира преку индивидуални договори, а тоа што го споменаа и двајцата претседатели, а ние како Влада го повторуваме веќе подолго време е дека општиот колективен договор е истечен, иако таму во завршните преодни одредби стои дека тој останува во сила сè додека не се донесе нов. Ние сме подготвени како Влада да седнеме и во овој период до 2028 година се разбира очекувам тоа да биде во пократок период заедно со двата репрезентативни синдикати во случајов ССМ и КСС да седнеме и да испреговараме еден нов општ колективен договор којшто ќе биде единствена алатка врз основа на која ќе бидат исплаќани платите, од друга страна ќе биде алатка којашто ќе ја имаат и работниците, но ќе ја има и Влада и цениме дека една ваква вин-вин комбинација, односно двете страни да добијат, а најмногу граѓаните и најмногу државата се разбира можеме да го направиме со едно зрело работење и со една доверба што мислам полека, но сигурно со одредени структури во синдикатите. Не велам со сите, но со одредени структури во синдикатите ние како Влада ја имаме и градиме, бидејќи има структури што за жал никако да излезат од политичките прегратки на одредени политички партии.
Како и да е јас сум задоволен од ова. Нека е со среќа и очекувам уште многу вакви успешни моменти понатаму, а им благодарам на двајцата претседатели, на гранковите синдикати и на УПОЗ и на САДУ што после долго време во еден конструктивен разговор изминатава недела успеавме да дојдеме до заедничко решение.



