Актуелно

Мицкоски: Новиот здравствен дом во Илинден е дел од заложбата за обнова, модернизација и зајакнување на здравствениот систем 

Со особена чест и големо задоволство денес сме тука, заедно, за да ја отвориме новата амбуланта на ЈЗУ Здравствен дом Скопје во општина Илинден- проект кој не е само уште една зграда, туку доказ дека кога институциите соработуваат, кога има визија и посветеност кон граѓаните- тогаш резултатите не изостануваат.

Во оваа амбуланта, кажа министерот се вложени околу 16 милиони денари, но заедно со придружната инфраструктура и во консултација со градоначалникот вкупната инвестициска вредност достигна 25 милиони денари.

Но, вредноста на овој објект е далеку поголема од паричниот износ. Таа се мери во сигурноста на родителите дека нивните деца ќе имаат здравствена грижа блиску до домот, во спокојот на повозрасните жители кои веќе нема да мораат да патуваат далеку за преглед, во достоинството на здравствените работници кои конечно добиваат услови какви што заслужуваат.

Ова е плод на заеднички труд на Министерството за здравство, на Владата и на локалната самоуправа на Илинден. Ова е моделот на функционирање кој го промовираме- соработка наместо изговори, дела наместо зборови.

Почитувани присутни,
оваа амбуланта е дел од нашата поголема заложба- да го обновиме, модернизираме и зајакнеме здравствениот систем во цела држава. Само во изминатиот период:

–       Целосно го реновиравме одделот за ургентна инфектологија, и интензивната нега во Инфективната клиника.

–       Во Општата болница во Гостивар реновиравме неколку одделенија, како и во Клиничката болница во Тетово.

–       Се реновираше радиологија на хируршките клиники, како и невролошката амбуланта во Детската клиника, интензивно се работи на клиниката Карил.

И ова не е се, има уште многу активности кои што се тековни.

Ова не се одвоени активности, ова е дел од една сериозна, системска трансформација на јавното здравство. И, знам дека нема да биде лесно, знам дека ќе биде тешко и болно и ќе треба време за да сето ова се заврши, тоа што со децении беше уништувано.

Но, имаме мотив, вие граѓаните сте наша инспирација и ние тоа ќе го направиме, ќе го исполниме нашето ветување за јавно здравство кое што ќе нуди услуги на граѓаните, онакви какви што граѓаните заслужуваат.

Ние не градиме само објекти, градиме доверба, достоинство и една нова надеж во македонското здравство. Надеж во која пациентот е во центарот, а државата се грижи за него, во секој град, во секое село, во секој дом.

Почитувани пријатели,

Градиме темели на промените, затоа што тоа што го ветивме и тоа го реализираме. Денес овде во Илинден отвораме нешто што е повеќе од амбуланта, отвораме врата кон една поодговорна, похумана и поблиска држава кон граѓанинот.

Ова е само почеток. Ќе продолжиме со реновирања, со вложувања, со нови објекти, нова опрема, со повеќе мотивација за здравствените работници, но и со повеќе грижа за секој човек во Македонија.

Ви благодарам. Ви честитам и нека ни служи на здравје сето ова што денеска го отпочнуваме!“

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons