Актуелно

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество 

До: Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, свештенството, монаштвото и сите православни верници, Во овие свети денови на Христовото Воскресение, дозволете ми да Ви упатам искрени честитки во мое лично име и во името на Владата.

Воскресението на нашиот Спасител е вечен симбол на победата на животот над смртта, на светлината над темнината. Нека оваа Пасха донесе духовна радост, мир и благослов во секое македонско семејство.

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија е столб на нашата духовност и национален идентитет.

Вашата улога во зачувување на верата, традицијата и моралните вредности е од непроценливо значење за нашето општество.

Во време на брзи општествени промени, технолошки напредок и глобален притисок врз традиционалните вредности, Владата останува посветена на заштитата на корените на нашето општество и на создавање услови во кои семејството, моралот, воспитувањето и духовноста ќе бидат зајакнати.

Живееме во тешки времиња на предизвици и искушенија, и сум целосно свесен дека многу наши граѓани ги мачат истите проблеми и грижи. Сакам да биде подвлечено дека ние, сите заедно мора да работиме за напредокот и благосостојбата на секој еден човек, и тој пат да обезбедиме иднина не е воопшто лесен, но јас сум цврсто и непоколебливо решен заедно да го изодиме до целта. Заедно да ги менуваме работите, да се бориме против несигурноста, против ударите кои треба да не поколебаат, и да застанеме позади вредностите во кои веруваме.

На тој пат вербата во Бог и грижата за ближниот не се само лична определба, туку темел на едно силно и одговорно општество.

Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество.

Бог да ја чува Македонија.

Христос Воскресе! 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons