Актуелно

Мицкоски: Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура

Нема подобар начин да ви ги честитаме празниците освен со она што најдобро знаеме да го правиме, работа и резултати, вели премиерот Христијан Мицкоски.

„Драги пријатели, почитувани сограѓани, патот по кој чекориме заедно со министерот за транспорт, Александар Николоски е новиот експресен пат Чатал – Длабочица – Крива Паланка во должина од 25,5 км, кој е голем чекор напред за нашата инфраструктура и економија.

Со вакви проекти Македонија ќе го зајакне своето место на Балканот како важен транспортен коридор.

Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура.

Ветивме и исполнуваме! Македонија со секој ден станува сѐ повеќе ваша и се враќа на народот.

Нема подобар начин да ви ги честитаме празниците освен со она што најдобро знаеме да го правиме, работа и резултати!“, стои во објавата на премиерот Христијан Мицкоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons