Мицкоски: Комплетно е реновирано одделението на Клиниката за трауматологија
„Јас се придружувам на она што го кажаа директорот и министерот.
Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за можноста да бидеме денес тука, да им се заблагодарам на здравствените работници коишто се дел од оваа клиника што работеле и имале трпение во услови коишто биле такви какви што биле, да бидам попрецизен- никакви.
Она што ние планираме да го правиме во здравството после завршувањето на локалните избори, ќе бидат озбилни, структурни реформи бидејќи имам чувство дека годишно трошиме околу една милијарда евра, а не го добиваме тоа што граѓаните и пациентите го заслужуваат.

Но, исто така и здравствените работници, се разбира. Мислам дека има премногу надворешни влијанија, тие надворешни влијанија треба да бидат минато ако сакаме да имаме здравствен систем во којшто ќе имаме задоволни здравствени работници и задоволни пациенти. Ваквите иницијативи се секогаш добредојдени.
Му честитам и на директорот, му благодарам и на министерот за поддршката и на сите луѓе коишто се вклучени, а како што кажа и директорот пред и над се на здравствените работници коишто биле дел од оваа клиника коишто во суштина работеле во услови коишто не биле услови.
Ви благодарам.“