Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија
И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија.
По којзнае кој пат, откако сум Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но овој пат по судски пат, се докажа дека сум предмет на континуиран измислен и клеветнички напад, јас и моето семејство од страна на политичките противници.
Не очекувам да престане оваа методологија, но секогаш кога политичка партија ќе изнесе лажно тврдење, конструирано со невистини и клевети, а не во прашална форма како што често го прават на кукавички начин, ќе ја барам правдата по легален, судски пат.
Пресудата е јасна, клеветничката СДСМ треба на свој трошок да ја објави пресудата и да се извини за лагите кои се изнесени. Ова е уште една потврда дека неколкупати по ред, без исклучок ги губат судските случаи, затоа што клеветат, дури и ваквото судство не може да ги „испере“.
Линк од фејсбук статус: https://www.facebook.com/share/p/1A97JbxgzB/