Актуелно

Мицкоски: Започна изградбата на булеварот Македонија, ќе се реши сообраќајниот метеж

Јас сакам да изразам задоволство што денеска заедно со градоначалникот, односно градоначалниците со луѓето од јавните претпријатија на Градот Скопје, но и со останати граѓани, отпочнуваме еден проект којшто многу ќе значи за скопјани ќе додаде вредност во квалитетот на живот на скопјани.
 
Јас не би имал што да додадам повеќе во техничките карактеристики, да го анализирам проектот од технички аспект, но знам дека овој проект сигурно ќе го олесни движењето во центарот на градот.
 
Амбициозен е планот овој мандат целосно да биде завршен, амбициозен е и планот во 90 дена да биде завршен овој дел. Но, сигурен сум дека имајќи предвид дека имаме амбициозен градоначалник и амбициозни градоначалници дека сето ова ќе се заврши и скопјани ќе можат да се движат по овој коловоз многу скоро, односно во рамките на тоа што е кажано.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons