Актуелно

Мицкоски: Забрзано се одвива изградбата на капиталните инвестиции, до сега се реализирани околу 25% од предвидените за 2026 година

Добар ден и од мене. Јас не би имал што да додадам од тоа што го кажаа и градоначалникот и заменик-министерката, само сакам да кажам дека продолжуваме да ги реализираме проектите, коишто поради периодот од годината кога помалку имаме интензивни градежни работи, а тоа е кога е постудено, кога има повеќе врнежливи, денови со снег. Полека доаѓа пролетта и како се запролетува, така се засилуваат и градежните активности.

Иако морам да признаaм дека е исклучително високо нивото на реализација на капиталните инвестиции, околу 10-тина милијарди денари се реализирани во првите два месеца и во првите пет дена од третиот месец, месец март, што претставува отприлика околу 25 проценти од вкупниот број на капитални инвестиции, коишто се предвидени за 2026 година.

Така што, еве како ќе се засилува динамиката, така таа бројка ќе се зголемува. Очекувам така да се зголемува и бруто домашниот производ и конечно граѓаните да го почувствуваат сето она коешто го работевме во насока на стабилизација на државата, после, би рекол, една криминална влада, влада предводена од СДСМ и ДУИ, влада која што буквално ги уништи институциите, ги ограби граѓаните, ја понижи државата и после една таква, би рекол, катаклизмична состојба, како Влада дадовме сè од себе за да застанеме на нозе, да дојдеме до една, би рекол, неутрална состојба во моментов, и да продолжиме да го испорачуваме тоа што граѓаните од нас го очекуваат.

Уште еднаш честитам на градоначалникот. Добро е да се напомене дека тука ќе има приклучок и дел од населението на Општина Бутел. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на двајцата, на градоначалникот на Чучер Сандево, на градоначалникот на Бутел, да се заблагодарам уште еднаш на Министерството, на министерот, на заменик-министерката во Министерството за животна средина и просторно планирање, на сите оние советници коишто ја поддржуваат работата на општините, на пратениците коишто застануваат позади овие проекти, исто така, администрацијата којашто со својот труд додава вредност во целиот овој процес. Така што, еден заокружен процес дава резултати и тоа може да се види на дело.

Јас што побрзо очекувам сето ова да биде завршено и да биде ставено во употреба, бидејќи ова им е потребно на граѓаните.

Ете, уште еднаш нека е аирлија и набргу од денеска да го пуштиме во употреба овој објект-изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во текот на увидот на градежните активности во изградбата на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons