Македонија

Митева: До сега направени се 116 вонредни надзори на угостителски објекти- на 10 субјекти се изречени привремени забрани, на 15 им се одземени лиценци, 6 немаат активна лиценца, а 59 добиле прекршочни налози 

Во текот на вчерашниот ден најавив дека денес ќе објавиме пресек од преземените активности на ДПИ заедно со сите надлежни институции, а кои се однеусваат да преземените вонредни контроли. Се обврзавме дека транспарентно ќе ја информираме јавноста за резултатите од институционалниот надзор и за сите конкретните чекори што ги преземаме, па така и продолжуваме.

Последните податоци од контролите јасно ја скенираат состојбата. Денеска ќе ги претставам клучните наоди и, уште поважно, ќе ги наведам следните чекори што нашата влада ги презема за да одговори на идентификуваните предизвици и да обезбеди долгорочни подобрувања.

Информациите се следни:

Изминативе денови се направени вкупно 116 вонредни надзори врз основа на Законот за угостителска дејност. Преземени се повеќе чекори, а во бројки тоа е изразено вака:

– Решенија за привремена забрана се изречени на 10 правни субјекти (кафичи/клубови) по закон за угостителска дејност. (ова се однесува во делот на прекрошна санкција)

– Утврдено е дека 15 правни субјекти (од вкупно 23) кои имаат активна лиценца не исполнуваат минимални технички услови и кај нив ќе бидат изречени две мерки: решение за забрана на вршење на дејност и предлог до Министерството за економија за одземање на лиценца.

– Кај 6 правни субјекти кои немаат активна лиценца или им е истечена, а е утврдено дека изминатиот период функционирале, издадени се решенија за забрана на вршење на дејност.

– Издадени се 59 прекршочни платни налози во износ од 522.690,00 денари и по други основи од Законот за угостителска дејност (тие други основи се однесуваат на непочитување на нормативи заверени кај грагоначалник, одобренија за тераси, не истакнат број на ДПИ итн. )

Во однос на идните чекори кои ќе се преземаат сакам да ја информирам јавноста дека во координација со МВР овие денови започнуваат инспекциски надзори во објекти за организирање на прослави и настани со посебен акцент на утврдување на минимално техничките услови и категоризација на ресторани, како и за другите одредби од Законот за угостителска дејност.

Почитувани,
за жал бројките зборуваат сами за себе, но од друга страна ја потврдуваат потребата од решително и одговорно дејствување. Како влада сме посветени на вистински решенија и целосна транспарентност.

Ќе се погрижиме сите институции да постапат согласно законот, секоја неправилност да се отстранува и санкционира, а јавноста редовно да биде информирана за напредокот. Нашата цел не е само да реагираме туку да создадеме систем кој работи превентивно и им служи на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons