Митева: ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќе излезе со најдобрите кандидати, што ќе донесе убедлива победа
Марија Митева, портпаролка на Владата и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во Дневникот на телевизија Алсат. Таа говореше на темата за претстојните локални избори во земјава и посочи дека имињата на кандидатите за скоро ќе бидат објавени. Митева посочи и дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на реформи и напредок, а партијата убедливо ќе излезе со најдобрите кандидати на локалните избори.
,,Се очекува веќе следната недела или веднаш по таа да има ИК партијата за да се објават имињата кои што ќе бидат кандидати на ВМРО-ДПМНЕ. Во однос на коалицискиот капацитет можам дека ви кажам дека ВМРО-ДПМНЕ има активна коалиција која што настапи на изборите и во неа членуваат 24 политички партии. Таа е стабилна коалиција, ниту еден не е заминат од истата, и постои можност истата можеби да се зголеми на локалните избори“, вели Митева.
Митева потенцираше дека кога станува збор за формирање на коалиции, истите не смеат да се прават врз база на договори и мотивот да биде само размена на фотелји. Таа додаде оваа Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на реформи и напредок.
,,ВМРО-ДПМНЕ навистина освои огромни општини во 2021 година до сега ние имаме навистина голема разлика. Владата оваа измината година вложува многу во општините, без разлика од која политичка партија доаѓаат, затоа што сакаме првиот пристап на граѓанинот со политиката да му биде преку локалната самоуправа. Мислам тоа е исклучително важно“, посочи Митева.
Митева говореше и за делувањето на опозицијата и изрази сомнеж дека СДС на претстојните локални избори би освоиле дури и една општина. Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги понуди најдобрите кандидати и програмата која е задолжително да биде реализирана.
,,ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ќе излезе со навистина најдобрите кандидати, ќе ја презентира повторно програмата која што е задолжително да бие реализирана. Тоа е принципот на кој што ние работиме и сметам дека тој принцип навистина ќе донесе убедлива победа“, заклучи Митева.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ