МакедонијаНајновоПолитика

Митева: ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза врз Луна Стефаноска и ги повикуваме организациите за женските права, политичките партии, Хелсиншкиот комитет и сите здруженија, да го осудат говорот на омраза

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Најостро го осудуваме срамниот, омаловажувачки, говор полн со мизогинија и омраза кој последните денови се шири на социјалните мрежи, насочен кон нашата членка и кандидатка за советничка во Советот на Град Скопје, Луна Стефаноска. 

Овој тип на напади, кои не се аргументирани ниту се базираат на критика за политички ставови или јавни настапи, туку се сведуваат на лични навреди, сексистички коментари и деградација на жената како личност, претставуваат закана не само за слободата на изразување, туку и за достоинството на секоја жена која се бори да биде дел од јавниот и политичкиот живот.

Додека од една страна сите заедно се трудиме да ги вклучиме младите во општествениот живот, да го користиме потенцијалот на секој млад поединец, од друга страна речиси и да нема случај во кој младите, особено жените или девојките не се соочиле со ваков или сличен напад. Жените во политиката секојдневно се соочуваат со пречки, но кога тие напади доаѓаат во форма на отворен говор на омраза, тогаш тоа е аларм кој не смее да го игнорираме.

Ве повикувам сите вас, граѓаните, организациите на женските права, сите политички партии, кандидатитеза градоначалници, носителите на советничкителисти, Хелсиншкиот комитет и сите граѓански здруженија, кои се борат против дискриминација и говор на омраза, да заземат јасен став и јавно да го осудат ваквиот напад.

Ова не е само напад само врз една жена или девојка, ова е напад врз сите оние кои одлучиле да не молчат, да бидат активни и да се борат за промени. Нашата борба против говорот на омраза нема да престане, а поддршката за нашата Луна е безрезервна.

Во време кога како општество треба да градиме толеранција, дијалог и еднаквост, секој ваков случај мора да биде јавно осуден и институционално санкциониран.

Ви благодарам. 

Линк од видео материјал: https://www.youtube.com/watch?v=IpK3U0MR3nI

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons