Митева: Владата со посебен фокус за Кочани, 100 милиони евра за капитални инвестиции
Почитувани медиуми, почитувани граѓани,
Мене навистина ми претставува особена чест и задоволство што еве денес, заедно со кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, доктор Владко Грозданов, можеме да направиме една најава за она што значи фокусот на Владата во делот на иднината за Кочани и во делот на проектите коишто претстојат.
Како што многу пати сме најавиле, навистина како Влада ставаме особен фокус на Кочани, на развојот и иднината на Кочани. Така е и овој проект којшто го најави веќе кандидатот за градоначалник, а тоа е 100 милиони евра инвестиции во капитални и инфраструктурни проекти во делот на здравството каде што навистина најавуваме реконструкција и обнова на болницата во Кочани, каде што навистина сакаме и медицинскиот персонал, но и граѓаните на Кочани да добијат една современа, модерна болница којашто ќе опслужува и ќе работи во нивно име.
Дополнително, зборуваме за развојот на културата, на спортот, на посветување на младите, со нови спортски сали, затворен базен и се она што значи навистина овозможување на еден добар, достоинствен живот за младите овде, во Кочани.
И, се разбира, остануваат и оние инфраструктурни проекти како што се патна, канализациона, водоводна мрежа коишто навистина се значајни за секојдневието на граѓаните во Кочани.
Навистина ми претставува чест и задоволство што можам со сигурност да кажам дека кандидатот за градоначалник, доктор Владко Грозданов, има навистина сериозна визија и посветеност за тоа што е неговата цел во идниот четиригодишен мандат, дека е вистинскиот избор, дека навистина е вашиот човек, човек на кочанчани и човек којшто навистина ќе работи за доброто на Кочани.
Мораме да направиме се што е во наша моќ, да дадеме еден соодветен пристап до Кочани, пристап којшто ќе значи развој и којшто ќе значи иднина и којшто навистина ќе го врати сјајот на Кочани и којшто ќе го направи Кочани центар во источниот регион.
Уште еднаш благодарам за вниманието, и уште еднаш, благодарам на доктор Владко Грозданов за неговата посветеност и уште еднаш да повториме дека доктор Владко Грозданов, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, е вистинскиот избор.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ