Македонија

Мистеријата што ја потресе јавноста по 22 години конечно разрешена: Македонецот кој исчезна на само 27 години е пронајден мртов

Македонец исчезнат пред 22 години, пронајден мртов во Брисел- идентификуван по пронајдени останки од скелет во подрум.

Работници кои реновирале куќа во Ворст, кај Брисел, пронајдшле човечки скелет во подрумот. 6 месеци подоцна, има повеќе информации за идентитетот на лицето чии останки беа пронајдени. Тој е Реџеп Рахмановски, човек роден во 1976 година во Македонија.

Вечерта на 16 јули 2003 година, тој го напуштил ресторанот на улицата Касмаркт во Брисел каде што работел и никогаш повеќе не бил виден. Немаше никаква трага од г-дин Рахмановски сè до 22 години по неговото исчезнување, кога неговите останки беа пронајдени во подрумот на неговата куќа, на околу 5 км од местото каде што последен пат бил виден. Што се случило со него и како се нашол во подрумот сè уште е мистерија – објави белгиската полиција.

Полицијата сè уште не знае како и кога завршил таму и апелира до јавноста за информации што би можеле да помогнат во расветлување на случајот.

https://www.brusselstimes.com/brussels/1928119/skeleton-of-man-missing-for-20-years-found-in-brussels-home

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons