Спорт

Миовски стрелец во ремито на Ренџерс против Фалкирк во шкотската Премиер лига

Фудбалерите на Ренџерс немаат најдобар старт сезонава во шкотската Премиер лига, по седум одиграни натпревари имаат само една победа и дури пет нерешени средби што ги остава моментно дури на осмата позиција со осум бодови, далеку зад водечките Хартс (19) и Селтик (17).

Во денешното коло играчите на тренерот Расел Мартин ремизираа со резултат 1:1 на гостувањето кај Фалкирк.

Ренџерс поведе во 41 минута од средбата со голот на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски по асистенцијата на Дерек Корнелиус.

За нашиот напаѓач ова е прв гол за Ренџерс во шампионатот, а втор во дресот на клубот, откако претходно стрелаше во шкотскиот Лига куп.

Миовски играше до 61 минута кога беше заменет од Јусеф Шермити, а домаќините успеаја да израмнат во 73 минута преку Хенри Картрајт.

По репрезентативната пауза, Ренџерс на 18 октомври ќе го пречекаат тимот на Данди Јунајтед.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons