Спорт

Миовски по двата гола: Задоволен сум од формата, добивам самодоверба

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски одигра одличен натпревар и со два гола беше еден од подобрите на теренот во убедливата победа на Ренџерс од 6-3 на гостувањето кај Фалкирк.

Иако мечот го започна од клупата, Миовски доби шанса на стартот од второто полувреме во момент кога неговиот тим имаше негатива од 1-2. Токму неговото влегување донесе пресврт на теренот, а македонскиот напаѓач се наметна како еден од главните херои во триумфот.

„Секој напаѓач сака да придонесе за тимот. Секогаш сум подготвен кога ќе добијам шанса, а сега успеав да помогнам со два гола. Задоволен сум од формата, три гола на последните два натпревари ми даваат дополнителна самодоверба“, изјави Миовски по средбата.

И покрај ограничената минутажа, македонскиот голгетер има солиден учинок – досега седум пати ја тресеше противничката мрежа во шкотскиот шампионат оваа сезона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons