Минусни температури низ цела држава, на Попова Шапка измерени -12 степени
Најстудено утрово е на Попова Шапка со – 12 степени, -9 е во Маврови Анови, -8 во Крушево, -6 во Берово, -5 во Крива Паланка, -4 во Прилеп, -3 во Штип и Виница, -2 во Тетово, Охрид и Битола, -1 во Скопје, 0 во Велес, Кавадарци, Струмица, а над нулата е само во Демир Капија со 1 и во Гевгелија 2 степена, соопшти УХМР.
Снежната покривка на Попова Шапка е 32 сантиметри, а во Маврови Анови седум.
Времето денеска наутро променливо облачно, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западниот дел. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 километри на час. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.