МЕЧКИ НАПАЃААТ ВО МАВРОВО И РОСТУШЕ: Ќе се прогласува кризна состојба!
Денеска, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов ќе одржи прес-конференција во ЦУК, на којашто ќе извести за добиената иницијатива од Општина Маврово и Ростуше со којашто бараат прогласување кризна состојба на територијата на општината поради голема опасност од напади од мечки што бил енормно зголемен број и бараат да се предвидат мерки и активности за надминување на состојбата.
Од општината вчера информираа дека на вонредна седница барале воведување кризна состојба.
„ Врз основа на донесениот заклучок на вондредна седница од страна на Советот на Општина Маврово и Ростуше, Општината до Владата на Република Северна Македонија поднесе Информација со барање за прогласување кризна состојба на цела територија на Општина Маврово и Ростуше.Општина Маврово и Ростуше ги превзеде сите активности и мерки кои се во своја надлежност, се со цел да ги заштити своите граѓани.
Исто така ги повикуваме Министерството за Животна Срдина и Просторно планирање, Министертвото за Земјоделство, шумарство и водостопанство, НП Маврово, ЦУК и сите други институции кои се надлежни за решавање на овој голем проблем со мечките и дивите свињи да се стават во функција за што поскоро решавање на истиот, со што ќе ја вратиме безбедноста на нашите граѓани.“, стои на фејсбук страната на општината.