“МЕТЕОАЛАРМ” СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Од викендов обилни врнежи од снег насекаде низ Македонија!
Под влијание на голем влажен бран кој ќе навлезе во Македонија од југ и од југозапад, во склоп со спуштањето на многу поладен воздух од север, од овој викенд, особено од утрешната ноќ кон недела, како и во недела и во понеделник насекаде во Македонија ќе има обилни врнежи од снег, па така насекаде ќе се формира снежна покривка, а сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец, па токму поради ова ќе има и појава на снежни наноси.
На многу места во Македонија ќе се формира позначителна снежна покривка (во градовите од 15 до 20 сантиметри, локално и над 30 сантиметри, додека на планинските места и на Скијачките центри се очекува нов снег со висина од над 50 сантиметри, па дури до околу еден метар).
Со овој голем снежен и ладен бран од север, снег и снежна покривка ќе се формира и во Скопската котлина, и тоа со висина од 10 до 15 стантиметри, а на околните планини, како и во повисоките предели од котлината таа ќе биде значително поголема. И во Скопје и околината ќе дува засилен ветер од северен правец.
СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека не очекуваат обилни снежни врнежи насекаде во Македонија, на возачите им препорачувам да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, особено доколку се движат низ планинските превои, каде поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Исто така, Скијачите кои ќе се наоѓаат на Скијачките центри, ги советуваме да не се движат кон поголеми надморски височини поради обилните врнежи од снег и значително намалената видливост која ја очекуваме.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат многу ниски и насекаде ќе се спуштаат под нулата во ноќните и во утринските часови, а и преку ден тие на многу места ќе се движат до околу, па и под нулата, а само во југоисточните предели тие ќе се искачуваат само за неколку степени над нулата.
Во текот на следната седмица очекуваме наутро температурите да се спуштаат и под -10 степени, локално и до околу -15 степени. Студениот период ќе трае подолго време, судејќи според најновите ажурирања на прогностичките модели.