МагазинНајново

МетеоАларм најава: Викендов ни носи локален дожд и појава на грмежи

Метео анализа на Славчо Попоски:

На ден петок 13-ти март 2026  и за време на викендот (14/15 март 2026) територијата на Македонија ќе биде под влијание на висински или плиток циклонски систем кој ќе биде присутен над нашиот дел од Европскиот Континент. Токму поради ова атмосферата нема да ни биде во целост стабилна па така по претежно сончевото и стабилно утро и претпладне, во попладневните часови ќе имаме повеќе облачност кога ќе се создаваат услови за развој на конвективна облачност од која очекувам појава на локален дожд проследен со грмежи а во зоната на нестабилност очекувам и засилување на ветерот.

На највисоките планински места (над 1900/2000 метри надморска височина) очекувам и провејување на снег.И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период ќе има услови за краткотраен локален дожд со услови за ретки грмежи и со засилување на ветерот.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Наутро температурите на повеќе места ќе се спуштаат околу или за неколку степени под нулата па така ќе има појава на слаб мраз. Преку денот пак температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушта до близу или околу 0 степени а преку денот таа ќе се искачува до околу 18/19 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons