Свет

Мерц: Да не се лажеме – германската економија е во длабока криза 

Германската економија повторно влезе во рецесија, со пад на БДП од 0,3 проценти во вториот квартал од 2025 година, што ги засили стравувањата дека најголемата европска економија не се соочува со обичен застој, туку со долготрајна структурна криза.

Канцеларот Фридрих Мерц предупреди дека проблемите се многу посериозни од очекуваното. „Ова го велам и самокритично — задачата е поголема одошто некој можеше да замисли пред една година. Не сме само во период на економска слабост, туку сме во структурна криза на нашата економија,“ изјави Мерц.

Тој додаде дека „никој веќе не треба да се лаже“ во врска со состојбата, посочувајќи на драстичниот пад од 36 проценти во добивката на Volkswagen како само еден од многуте алармантни сигнали. „Големи делови од нашата економија веќе не се конкурентни. Квалитетот е висок, но основните услови во Германија последната деценија едноставно не беа доволно добри,“ нагласи канцеларот.

Дополнителен товар, според него, претставуваат и американските царини од 15 проценти на германските производи, кои сериозно го забавуваат извозот. Сепак, Мерц предупреди дека трговска војна со САД би имала уште потешки последици за Германија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons