Мерки за претпазливост за четири лица од случајот „Државна лотарија“, за Груби и Бајрами ќе се одлучува дополнително
Кривичниот суд го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство и определи мерки за претпазливост за четири лица од случајот „Државна лотарија“,додека за поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор Перпарим Бајрами,кои не се во државата, дополнително ќе се одлучува дали ќе биде прифатен притвор.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје,
постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување
мерки за претпазливост против четири лица кои се опфатени со истрагата
поврзана со „Државна лотарија на РСМ“, за кривичното дело Злоупотреба на
службената положба и овластување од чл. 353 од КЗ, а кои во текот на
ноќта беа сослушани во судот, донесе решенија со кои го прифати
предлогот на ЈО и на сите 4 лица им определи мерки согласно чл. 146 ст.1
т. 2 и т.3 односно Одземање на патна исправа и Обврска за повремено
јавување на службено лице во судот“ соопшти Кривичен суд.
За Груби и Бајрами, кои се недостапни во моментов за органите на редот, ќе биде донесена одлука во текот на денот.
„Воедно, до судија на претходна постапка доставен е и предлог за
определување мерка притвор против две лица опфатени со истата истрага,
која мерка започнува да се спроведува од нивно пронаоѓање, за кој
предлог судот е во фаза на постапување, а за што во текот на денот
јавноста ќе биде дополнително известена.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот
совет.“,информираат од таму.