Свет

Мелони се сретна со британскиот крал Чарлс Трети

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска го прими британскиот крал Чарлс Трети во палатата Дорија Памфили во главниот град Рим, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска го прими британскиот крал Чарлс Трети во палатата Дорија Памфили во главниот град Рим, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Средбата е дел од четиридневната државна посета на британскиот монарх на Италија.

На средбата присуствуваа и вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани и неговиот британски колега Дејвид Лами.

Кралот Чарлс Трети беше пречекан со почесна гарда за време на уште една раскошна церемонија, забележува АНСА. Вчера, тој и кралицата Камила беа пречекани со целосни воени почести и авионско шоу на италијанските и британските воздухопловни сили пред нивната средба со претседателот Серџо Матарела во палатата Квиринале во Рим.

Кралот Чарлс и Камила, кои вчера го посетија Колосеумот и положија венец на гробот на непознатиот војник на споменикот на Виктор Емануел, денеска ја слават својата дваесетгодишнина од бракот.

Подоцна во текот на денот, Чарлс ќе стане првиот британски монарх кој ќе се обрати на заедничка седница на двата дома на италијанскиот Парламент.

Кралот Чарлс и Камила нема да се сретнат со папата Франциск во рамки на нивната официјална посета, како што првично беше планирано, бидејќи 88-годишниот понтиф се опоравува од долгиот престој во болница поради пневмонија.

Тие утре ќе одат во Равена каде ќе се поклонат на гробот на Данте Алигиери и ќе присуствуваат на приемот по повод 80-годишнината од ослободувањето на провинцијата Равена од нацистичката окупација.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons