МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
Две лица со канистери со гориво, се прекачуваат преку оградата на еврејската заедница во Скопје и подметнуваат пожар. Настанот според снимките од видео надзорот се случил во неделата утрото околу 4:50 минути, а по два часа е пријавен и во полиција.
На снимката се гледаат лицата кои носат шлемови за да не можат лесно да бидат идентификувани, како со канистерите полеваат гориво на бетонот во дворот на синагогата, а откако излегуваат преккачувајќи се фрлаат запалива направа и предизвикуваат пожар.
МВР се уште трага по двете лица кои се обидоа да го запалат објектот на еврејската заедница и истражуваат што точно се случило.
Претседателот на Еврејската заедница во Македонија, осто го осуди настанот, потег кој вели не се случил од врмето на фашизмот.
Во писмото на еврејската заедница стои дека со особена загриженост констатираат дека во последниве години се засилуваат појавите на говор на омраза, нетолеранција и опасно поистоветување на Евреите со сложените геополитички случувања на Блискиот Исток. Бараат расчистување на случајот.
Амбасадорката на Израел објави фотографии од изгорената врата и двор на синагогата. На платформата ИКС напиша:
-Длабоко вознемирувачки антисемитски инцидент во Северна Македонија — прв од 1945 година — удира врз самите вредности на соживот што ги негува Еврејската заедница.Стојам со заедницата и верувам дека надлежните органи ќе постапат брзо за да ги изведат одговорните пред лицето на правдата.
Советот за безбедност уште во март предупреди дека синагогите и објектите на Еврејската заедница може да бидат под потенцијална закана, а претседателката Гордана Силјановска Давкова подоцна изјави дека од надлежните институции била информирана дека овие објекти се под заштита и контрола.



