МВР со официјални детали: Малолетник е повреден, две лица починале во пукањето во Волково
Полицијата со детали за убиството кое утрово се случи во Волково.
– Денеска околу 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Волково, скопско, имало пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Р.Ц. и М.Н. од здобиените повреди починале на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со повреди се здобил и еден малолетник, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Како можен сторител на настанот се посочува М.Н., информираа од полицијата за Скопје Инфо.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.