Мбапе: Златната топка е „Светиот грал“ за секој фудбалер
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе ги откри своите размислувања за наградата „Златната топка“ на „Франс Фудбал“, која се доделува на најдобриот играч на секоја календарската година.
– Пред овој брилијантен трофеј, сите ние повторно стануваме деца. Сите ја гледаме оваа церемонија кога играчите излегуваат на црвениот тепих и мислат: „Еден ден ќе бидам јас“. Сигурен сум дека многу луѓе сонуваат за тие моменти, замислувајќи го стресот од чекање да се објави ранг-листата додека седат покрај најголемите играчи на планетата. Златната топка кај нас буди детски соништа. Можеме да освојуваме титули, други награди, но ова е „Светиот грал“, го цитира „Франс Фудбал“ Мбапе.
Дваесет и тригодишниот Французин се најде во листата на номинирани за Златната топка. Актуелен добитник на наградата е Лионел Меси, кој не е меѓу номинираните за годинешната награда.
Церемонијата на доделување на „Златната топка“ ќе се одржи на 17 октомври.