МАЈМУНСКИТЕ СИПАНИЦИ СТИГНАА ДО КОСОВО?: Постои сомневање за инфициран маж
Мистерството за здравство на Косово денеска објави дека испратило примероци за испитување во лабораторија на Светската здравствена организација во Холандија од еден случај за кој постои сомневање дека е заразен од мајмунски сипаници, јави дописникот на МИА од Приштина.
– Пациентот е машко лице, родено 1953 година во Драгаш и е во стабилна здравствена состојба. Примероците се испратени во референтната лабораторија на СЗО во Холандија. Пациентот е изолиран и хоспитализиран на Инфективната клиника во ЌКУК, се вели во соопштението.



